Средбата на Еди Хол и Хафтор Бјорнсон за малку да заврши со тепачка (ВИДЕО)

Некогаш најсилните луѓе во светот, Хафтор Бјорнсон и Еди Хол првпат се сретнаа пред саботниот боксерски меч на тенискиот стадион во Дубаи.

Се можеше да излезе од контрола, а нивната средба да заврши со тепачка доколку не се вмешаа луѓето од нивните тимови.

Откако си размениле неколку недолични зборови се обиделе физички да се пресметаат.

Инцидентот се случил во теретаната, само неколку дена пред судирот во рингот.

Овој пат пресметката беше избегната, а според видеото кое кружи на социјалните мрежи, можеме да заклучиме дека тие двајца ќе приредат вистинско боксерско шоу во Дубаи.

Се чини дека тие ќе бидат немилосрдни еден кон друг во рингот.

Со порој навредливи зборови Хол беше подготвен за пресметка и му порача на противникот да дојде пред салата.

Тор повеќе не можеше да ги поднесе навредите и за малку ќе го удреше Хол додека излегуваше низ вратата.

Познато е дека двајцата не се сакаат, а овој краток меч е добра најава за саботниот натпревар.

За Исланѓанецот Хафтор Бјорнсон, кој се прослави со улогата на Грегор „Планината“ Клеган во популарната хит серија „Игра на троновите“, тоа ќе биде четврти боксерски меч, додека за Еди Хол тоа ќе биде прва борба.

И двајцата неодамна се пофалија со својот нов изглед.

Имено, додека се натпреварувале на Светското првенство за најсилни мажи, тие тежеле повеќе од 200 килограми. Бјорнсон сега е 60 килограми послаб, додека Хол ослабе 40 килограми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО