Александар Волков слета во Лондон за УФЦ Фајт најт 204

Рускиот ММА борец Александар Волков пристигна во Лондон каде на 19 март на турнирот во УФЦ ќе се соочи со Англичанецот Том Аспинал. Тој ова го објави на својата страница на социјалните мрежи.

Од неодамна Британија не издава визи за руските граѓани и чудо е што Волков ја помина контролата. Волков и Аспинал ќе го предводат настанот УФЦ Фајт најт 204 и ќе се борат во тешка категорија.

Волков двапати се справи со Ковид-19 во последните 2 години. Последен пат се бореше со Марцин Тибура на крајот на октомври 2021 година и го победи со одлука. Волков е поранешен шампион во М-1 и Белатор.

Тој има победено во 8 од неговите 11 борби во УФЦ и има скор од 34-9 во ММА. Волков заврши 25 средби, а во 4 беше поразен со прекин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО