Средбата Бетербиев – Браун на 17 декември

ВБЦ и ИБФ шампионот во полутешка категорија, Артур Бетербиев се пресели во Монтреал пред околу 10 години за да се фокусира на боксерската кариера откако двапати настапи на Олимписките игри за Русија. По 16 професионални борби за прв пат ќе се врати во избраниот град како шампион.

Бетербиев, кој е единствениот шампион со 100 отсто нокаут победи, ќе ги брани титулите против друг олимписки боксер, Маркус Браун, на 17 декември во Бел центарот во Монтреал.

„Мило ми е што ќе им направиме толку убав Божиќен подарок на Канаѓаните. Артур Бетербиев е веројатно најдобриот боксер во историјата на Канада и е привилегија да се биде со нас”, изјави менаџерот Ивон Мишел.

Бетербиев против Браун ќе биде главниот настан на гала вечерта, во кој ќе бидат вклучени и други интересни натпревари, како што е Ким Клавел, која ќе се бори за титулата на ВБЦ за жени во мува категоријата, против Мари-Ев Дисајре.

„Артур Бетербиев има многу фанови во Монтреал и сакаме да му дадеме шанса да ги брани титулите во неговиот избран град“, рече Боб Арум. „Маркус Браун е задолжителен предизвикувач – со  обратен град и многу интелигентен. Но, верувам дека Артур е најдобар во категоријата и борбата ќе заврши пред последниот удар во гонгот”.

И Бетербиев е возбуден од локацијата за неговата следна битка.

„Сакам да им се заблагодарам на Боб Арум и Ивон Мишел што го организираа настанот во Монтреал. Ми беше сон да ги бранам титулите пред навивачите кои ме поддржуваа во текот на мојата професионална кариера”, рече Бетербиев.

Сепак, Браун доаѓа мотивиран и инспириран да ги земе шампионските појаси.

„Ова е момент од мојот живот што го чекав толку долго и ќе го искористам тоа“, рече Браун. „Знам што да правам за да ги земам титулите на Бетербиев и ќе го сторам тоа.

Тој е најизбегуваниот шампион. Одличен борец, не прави многу грешки и е многу силен. Но, јас сум подобриот борец и ќе го покажам тоа на 17 декември“.

Последната битка на Бетербиев во Канада беше во 2016 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО