Средба на Ирена Митровска со претседателите на федерациите за дигање тегови на Албанија, Косово и Балканската федерација

Денес во Скопје се реализира конструктивна средба на претседателката на Македонската федерација за дигање тегови, Ирена Митровска, генералниот скеретар Бобан Ѓороски и претседателот на Балканската федерација за дигање тегови, кој е и актуелен претседател на Федерацијата за дигање тегови на Албанија, Елез Гјоза и претседателот на Федерацијата за дигање тегови на Косово Астрит Хасани.

Средбата се реализираше во просториите на Македонскиот олимписки комитет и на истата присуствуваше и претседателот на Македонскиот олимписки комитет Даниел Димески.

Оваа средба е реализација на договорот кој беше направен во Драч, Албанија, минатиот месец, каде што беше реобновена Балканската федерација за дигање тегови, прито за член на Федерацијата беше избранаИрена Митровска.

„Како помош на македонскиот спорт, конкретно за промоција на дигањето тегови во нашата земја, денес добивме донација од две платформи и еден сет за вејтлифтинг за Македонската федерација за дигање тегови и во блиска иднина договоривме стручна помош за едукација на спортисти, тренери и судии во нашата земја. Ова е огромен чекор за македонскота федерација за дигање тегови и се надеваме дека сме на пат за конечно популаризирање на овој спорт во Македонија“, изјави Ирена Митровска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО