
Вчера на Меѓународниот карате турнир „Златен појас“ во Чачак, Србија, Македонија настапи со 15 сениори од поширок список на репрезентација, при што во силна конкуренција со полни категории од Балканот и Европа, освоија 4 медали – 1 сребрен и 3 бронзени.
Медалите ги освоија:
Андреј Стојчевски (-60 кг) од Кизаме – сребрен
Петар заборски (-75 кг), Викторија Јовановска (-68 кг) и Јована Мицовска (-61 кг), сите од Макпетрол, се закитија со бронзи.



