Сребро и две бронзи за борачките во Призрен (ФОТО)

129

straso-so-borackite-vo-prizren

Клупско-репрезентативен успех на македонските борачки на 9-от Меѓународен турнир во борење слободен стил и женско борење „Адем Јашари“ во Призрен, Косово, еден сребрен и два бронзени медали.

borackite-sami-vo-prizren

Олгица Коцева вчера освои сребрен медал, Бојана Лазаревска бронзен (ПБК Безбедност) и Марија Неделковска бронзен медал (БК Вардар).

Македонските борачки имале одличен настап, а Коцева е оштетена во финалето. Од друга страна, како што вели нивниот тренер и селектор, Страшо Глигоров, сите стручни лица се согласиле дека имаме квалитет кој во иднина може да даде резултат во оваа олимписка дисциплина во борењето

Ipon.mk