Сребрени медали за Моника Пендаровска и Петар Заборски на ВКФ младинскиот куп во Умаг

Monika Pendarovska sama na EP 2016

Репрезентативците од КК Макпетрол Моника Пендаровска и Петар Заборски освоија сребрени медали на ВКФ малдинскиот карате куп во Умаг, Хрватска, и е трет за овој клуб по вчерашното сребро на кадетото Абдурахим Идризи.

Deni i Petar zagrevanje Zlaten pojas Ccaak

Моника Пендаровска (-55 кг) го освои сребрениот медал на ВКФ младинскиот куп во конкуренција на јуниори до 21 година (У-21).

Пендаровска во финалето беше совладана со минимален резултат од 1-0 од Естонката Ли Лирисман. Таа до финалната борба ги совлада Сара Сидикјуи (Хрватска) 2-0, Хсианг лин Као (Тајпеј) 1-0, Маја Шаерер (Швајцарија) 0-0 на изјаснување.

Исто така и Петар Заборски (-75 кг, У-21) од Макпетрол се бореше во финалето и мораше да се задоволи со сребрениот медал, иако борбата заврши 2-2, бидејќи Австриајнецот Робин Ретенбахер ја доби со судиско изјаснување. Заборски ги победи Немања Церне (Австралија) 1-1, Александар Коломитцев (Русија) 1-0 и Ардит Рушити (Словенија) со судиска одлука по 4-4.

Преостанатите двајца каратисти на Макпетрол, Орхан Билали (-84 кг, У-21) загуби од Бријан Тимерманс од Холандија 0-6, а Мики Стојмановиќ (+84 кг) е поразен со 0-3 од Филип Барач од Хрватска. Стојмановиќ доби шанса во репасажот и првата борба против од ЏДошуа Глидел од Англија ја доби 3-2, а во борбата за бронзениот медал е поразен од хрватскиот каратист Марко Кралејвиќ 0-4.

Ангела Мојсовска (Макпетрол) – Паулин Бонжур (Швајцарија) 0-8, а клупскиот другар Тодор Конески (-70 кг, кадети) извојува победа на изјаснување против Мумин Дедовиќ (БиХ) 5-5, а загуби од Бојан Бошковиќ (Црна Гора) 0-8.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО