Сребрен медал за Витомир Трајковски на Европското првенство, не е поразен, но тоа се правилата

Витомир Трајковски е европски карате вицешампион.

Витомир Трајковски го освои сребрениот медал на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Тбилиси, Грузија, откако финалето со Ерменецот Гор Нерсисјан заврши 3-3. Но, правилото прв освоен поен беше против него.

Сепак, ова е голем успех за каратистот на Макпетрол. Тој ја продолжи традицијата на освојување медали од големите натпреварувања, посебно од европските првенства.

Од Трајковски може да очекуваме уште поголеми резултати во сениорска конкуренција.

Резултати ЕП У-21:

-84 кг
Витомир Трајковски – Давиде Лучијани (Италија) 3-2
Витомир Трајковски – Мелос Гаши (Албанија) 1-0
Витомир Трајковски – Никита Сахвон (неутрален)6-1
Полуфинале
Витомир Трајковски – Салих Халиловиќ (БиХ) 2-1
Финале
Витомир Трајковски – Гор Нерсисјан (Ерменија) 3-3

Медали на Трајковски:

Балкански шампион во Љубљана, Словенија, 2023 година

Бронзен медал на Светските игри за боречки спортови во Ријад, Саудиска Арабија, 2023 година

Бронзен медал на Европското првенство У-21 во Ларнака, Кипар, 2023 година

Бронзен медал на Карате 1 Серија, сениори, во Атина, Грција, 2023 година

Сребрен медал на Светското првенство во У-21, Коња, Турција, 2022 година

Сребрен медал на Балканското првенство за сениори во Белград, Србија, 2022 година

Сребрен медал со машкиот кумите тим на Балканското првенство за сениори во Тирана, Албанија, 2023 година

Златен медал со кумите тимот на Европското универзитетско првенство за боречки спортови во карате во Загреб, Хрватска, 2023 година

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО