Сребрен медал за Петар Арсовски на „Мустафа Хајруловиќ -Талијан“ во Сараево

Петар Арсoвски (54 кг) го освои сребрениот медал на Меѓународниот боксерски турнир „Мустафа Хајруловиќ -Талијан“ во Сараево, Босна и Херцеговина, откако во финалето загуби од Сали Палапиуц Романија.

„Во крајно изадначен меч популарниот Пепка, кој имаше статус на фаворит во овој меч против Риманецот, испушти шанса да се поздрави со златото, и со тоа да ја продолжи победничката низа по Европското првенство“, вели неговиот тренер и татко Александар Арсовски и додава:

„Нормално, има разочараност, бидејќи Петар победувал и подобри противници. Фалеа некои работи за кои мислев дека се корегирани. Меѓутоа, и мини подготовките со Дијана Бад во Софија не вродија плод“.

Постариот Арсовски вели дека по овој пораз со ладна глава треба да се преиспитаат во која насока ќе се движи кариерата на нашиот најдобар младински боксер.

На турнирот учествуваа боксери од 21 држава.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО