Серин Усман го нокаутира Зулузињо во битката на чудовиштата (ВИДЕО)

Серин Усман се справи со Вагнер Мартинс, попознат како „Зулузињо“ во битката на чудовиштата.

Тие се пресметаа тепачка на андеркартот на настанот ММА Атак 4 што се одржува во Беджин, Полска. Борбата беше во тешка категорија. Усман имаше над 150 килограми, а Зулузињо 198 килограми. Очекувано, средбата не траеше долго.

Усман, кој е сенегалски шампион во борење, немаше потешкотии против својот 44-годишен противник. Усман почна да му задава крошеа на Зулузињо, кој полета напред и падна на земја. Серин почна да го удира Зулузињо, кој беше во глува одбрана.

Судијата интервенираше и ја прекина борбата која траеше само 43 секунди. Тоа беше втора победа по ред за Усман годинава. Сега има скор од 4-1 во ММА. Зулузињо загуби по втор пат со нокаут за 20 дена. Тој доаѓа од серијата од 2 порази и сега има 14-12-1 во ММА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО