Македонската репрезентативка во кик бокс, Марија Божиноска, го освои сребрениот медал на Европското првенство за сениори кое се одржува во Лутраки , Грција.
Таа во дисциплината кик лајт до 70 килограми во финалето беше поразена од полската репрезентативска Катарина Квичиен со резултат од 3-0.
За Македонија на шампионатот оваа е трет медал, воедно прво сребро откако пред Божиноска со бронзата пред тоа се закитија Димитар Ѓорѓиев и Ненад Манојловски.
Милан Кубин ќе настапи во финалето на дисциплината кик лајт до 89 килограми каде Македонија има нова можност да дојде до златен медал од оваа натпреварување.
Димитар Ѓоргиев и Ненад Манојловски освоија бронзени медали.