Ломаченко: Ковалев го доби мечот со Ворд

lomacenko-so-maicka

Светскиот шампион во перо категорија на ВБО, Васил Ломаченко, верува дека неговиот добар пријател Сергеј Коваленко ја добил средбата со Андре Ворд, иако одлуката на судиите зварши во корист Американецот. Тој е сигурен дека нема да има сличен резултат и во неговата борба со Николас Валтерс.

Ломаченко во живо ја следеше средбата меѓу Ковалев и Ворд во Лас Вегас, по што ги соопшти своите ставови за мечот.

„Не се согласувам со одлуката. Верувам дека Ковалев победи на средбата. Не можам да кажам колку добро судиите си ја вршат работата, но, според мое мислење, Ковалев беше победникот. За да ме победи, Николас Волтерс ќе треба да ме нокаутира“.

Украинецот изјави дека не правел посебни подготовки за следниот ривал.

„Тоа што тој се уште нема пораз, нема да има ефект на мечот. Кому му е гајле за тоа што пишува на некоја хартија? Тој никогаш не се боксирал со мене. Се подготвив за него како и за секој друг противник. Со ништо не е поразличен од моите претходни противници. Секогаш на ист начин се подготвувам за противниците, без разлика дали се силни или слаби“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО