Ката тимот во состав Пуликсенија Јованоска, Маријана и Мишела Димоски го освоија сребрениот медал на Карате 1 Премиер лигата во Истанбул откако во финалето загубија од првиот состав на Турција со 5-0.
Тие вчера во полуфналето со истиот резултат славеа над вториот тим на Турција.
Да потсетиме дека денес и Петар Спасеновски го освои бронзениот медал во категоријата до 84 килогарми.
Во категоријата над 84 килограми Мартин Несторвски стигна до полуфиналето извојувајќи три победи по ред. Тој славеше против Џагатај Брајактоглу 7-0, Јасер Сахинтекин 3-2 и двајцата од Турција и над силниот Шахин Атамов од Азербејџан 3-1, а во полуфиналето беше поразен од големиот ривал Енес Еркан од Турција со 3-0. Во клучната борба за бронзениот медал беше поразен од Азербејџанецот Асиман Гурбанил со 2-0.
Несторовски изрази задоволство од пласманот.
Вториот наш натпреварувач во +84 кг Жарко Арсовски загуби во првото коло токму од Гурбанил со 2-0.
Моника Стефановска (-61 кг) е елиминирана во првото коло од Марина Раковиќ од Црна Гора со 4-0.
Во борбата за бронзениот медал Спасеновски го совлада Иранецот Ехсан Хајдари со 4-2.
Петар пртехопдно ги совлада Турчинот Огузан Кабаскал 0-0, Гогита Арканија од Грузија 4-1 и победа на изјаснување со Анес Чонго од Босна и Херцеговина откако борбата заврши 4-4. Во полуфиналето загуби со 5-2 од Тургут Хасаснов од Азербејџан.
Во оваа категорија Сашко Патраклиев имаше две победи против Валери Чоботар од Украина 2-1 и Гохан Гондуз од Турција 5-1, а доживеа минимален пораз од Босанецот Мерис Муховиќ од 1-0.
Ipon.mk/В.Д.