Сребрен медал за Ива Богданоска на Африканскиот џудо куп во Тунис

Вчера на Африканскиот џудо куп за кадети во Тунис репрезентативката Ива Богданоска освои сребрен медал во категоријата до 63 килограми.

Ива Богданоска забележа три победи и пораз во финалето.

На Купот настапи уште една репрезентативка на Миоки, Георгина Блажеска во категоријата – 48кг.

Џудиските беа предводени од нивниот тренер, воедно и селектор на кадетската репрезентација, Игор Паскоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО