АктуелноОстанатоТаеквондо

Сребрен медал за Душица Бреслиева на „Астерикс куп“ во Ниш

На Меѓународниот таеквондо турнир серија Е3 „Астерикс куп“ во Ниш, Србија, Душица Бреслиева од ТКД Штип освои сребрен медал.

„Со одлични борби, огромна пожртвуваност и спортски дух успеа да освои сребрен медал и значајни поени за олимписка норма.

Со секој свој настап Душица покажува дека македонското таеквондо има иднина, квалитет и шампионски дух. Нејзината посветеност, дисциплина и борбеност се вистински пример за младите спортисти и гордост за нашиот клуб и град“,

Пишува на Фејсбук тренерот Жарко Арсовски и додава:

„Честитки за Душица за овој голем успех, како и за тренерскиот тим и сите кои се дел од нејзиниот спортски пат!

Продолжуваме уште посилно кон нови победи, нови медали и нови предизвици“!

Душица во континуитет го потврдува својот талент и за наредните Олмписки игри ќе биде конкурент за обебзедување норма.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON