Дејан Богданов (125 кг) го освои второто место на Меѓународен меморијален турнир „Јозеф Свобода“ во Братислава (Словачка).
Борачот на Балканец беше најавен дека патува како тренер, но се предомислил и настапил. Сепак, не згрешил.
Давор Тасев (-61кг) е на петото место, кој беше поразен во борбата за третото место, Бобан Савев (-84 кг) седми. На турнирот учествуваат и Александар Донев (-74 кг), Михаил Николов (-84 кг) и Стефан Никовски (-97 кг).
Од БК Балканец велат дека секој борач имал најмалку по две победи, но бидејќи турнирот бил по системот секој со секого, тешко се доаѓало до финале, а судиите биле пристрасни.
Богданов во финалето 15 секунди го држел полскиот борач во туш позиција, но судијата не го досудил тушот, па Дејан ја загубил борбата со 5-4.
На турнир учествуваа преку 100 борачи од 13 држави. Силна конкуренција со преку 20 борачи во категорија.
Ipon.mk/В. Д.