Гого Славески поради повреда не се бореше, но беше во хуманитарна акција за Илија Таневски

Gogo Slaveski muskuli

Нашиот боксер Горјан-Гого Славески денеска требаше да го има третиот професионален меч во САД, но Боксерската комисија му забрани настап поради повредата на раката.

Gogo Slaveski so Riste Tevdovski

Ги побараa последните снимки од раката, иако пробавме да пројдеме само со печат и одобрение од доктор. За жал коската е на два дела и поради тоа што е скршена веѓе 9 месеци.  А гипсот го извадив после третиот ден, потребна е операција која ќе ја правам за една недела“, вели Гого Славески.

Сепак, Гого не мирува и прави добри дела. По иницијатива на Владо Пупиноски заедно со нашите музичари Ристе Тевдоски и Тони Јанкулоски во организација на Мак Центар организираа хуманитарна забава за да се соберат средства за помош на Илија Таневски од Неготино, кој моментално е на лекување во Германија, но и поддршка од македонската дијаспора за понатамошните борби на нашиот боксер.

„По операцијата се враќам на рехабилитација и подготвки во Македонија за наредната борба“, истакна Славески.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО