Македонските каратисти со четири злата на „Вуковар куп 2016“ (ФОТО)

Abdurahim so medal od Vukovar 2016

Вчера тројца македонски каратисти на Меѓународниот карате турнир „Вуковар куп 2016“ освоија четири златни медали и тоа: европскиот вицешампион Абдурахим Идризи два, Реџеп Мустафовски и Медин Дема.

Abdurahim i drugite vo stroj Vukovar

Идризи од КК Макпетрол се натпреваруваше во кати и борби. Во кати во кадетска конкуренција златниот Abdurahim i Redzeo Mustafovskiмедал го освоил со три беспрекорни победи и тоа во силна кокуренција. Идризи успешно се враќа и во кумите, затоа што го освои првото место во кадетска конкуренција -52 кг, победувајќи во две борби (прва беше слободен). Реџеп Мустафовски од КК Фунакоши Гичин во кати во јуниорска конкуренција беше одличен и со три победи го освои првото место. Додека Медин Дема од КК Куштрими се натпреваруваше во млади кадети (во кју категорија), кој исто така со три победи го освои првото место.

„Вреди да се напомене дека од тројцата пријавивме ката тим, иако никогаш не работеле заедно, по првата изведба, во финале мораа да го предадат мечот, затоа што не можеа да работат бункаи“, велат тренерите.

Adem Meda Vukovar 2016

Организаторот се ставил на располагање нанашите каратисти и ангажирал водич за да го прошетат градот херој и да ги видат неговите знаменитости.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО