Сребрен медал за Адил Адили на Медитеранското првенство! (ФОТО)

Adili so medalot vo Spanija
Адил Адили (-61кг) на Медитеранското првенство во Мадрид, Шпанија, постигна голем успех, го освои сребрениот медал во сениорска конкуренција, кој беше единствениот наш претставник во сениорска конкуренција слободен стил. Адили забележа три убедливи победи и само еден пораз од Грузиецот со шпански пасош Метревели. Со Шпанецот водеше доста изедначена борба и на крај ја загуби. Сепак, неговиот противник е многу искусен борач, кој со репрезентацијата на Грузија има настапи на европски и светски првенства, но и на многу силни турнири. На дофат му беше златниот медал. Но, за младинецот Адили, ова е голем успех, бидејќи е постигнат во сениорска конкуренција.

adili na piedestal

Хамди Адили го предводеше Адил на Медитеранското првенство. Кристијан Пешко не отпатува од економски причини.

Ќе потсетиме дека Адили и неговиот татко Хамди живеат и тренираат во Франција.

Се извинуваме поради честите промени на резултатите, но тоа е поради лошата статистика на официјалнатра страница на Медитеранското првенство. Ова се точните резултати, што ни ги потврди Хамди Адили.

Метревели (Шпанија) – Адили (Македонија) 6-3

Адили – Ломба (Шпанија) 7-1

Адили – Арузаманиди (Грција) 5-0

Дениа (Шпанија) – Адили 0-10

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО