Сребрен медал на женскиот кумите тим, трет за Македонија на Европското универзитетско првенство (ФОТО)

Женскиот тим во борби во финалето на Европското универзитетско првенство во Коимбра, Португалија, го освои сребрениот медал и го круниса успешниот ден на македонските карате студенти, односно со златните медали на Сара Радичевска и Петар Заборски.

Нашиот тим во состав Сара Радичевска, Симона Заборска, Наташа и Моника Стефановски во финалната борба се поразени со финската екипа од Универзитеот Турку со 2-1.

На патот до финалето нашиот тим ги совлада екипите од Португалија (Политехнички институт од Порто) 2-0, Велика Британија 2 (Мидлсекс Универзитетот) 2-0, во полуфиналето се сретна со втората екипа од Португалија, односно Универзитетот Нов Лисабон, и ја совлада со 1-0. Во финалето со турската универзитетска екипа од Турку…

„Ако Наташа Стефановска не беше многу заморена, бидејќи за два дена имаше дури 10 борби, можеби ќе бевме и најдобри во Европа. Наташа не успеа да го задржи резултатот на 0-0, кој ни одговараше и на 19 секунди пред крајот на борбата спортистката од Финска успеа да поентира. Тоа во целост го промени односот на силите и ние моравме да се задоволиме со сребрениот медал. Но така е во спортот“, изјави селекторот Бошко Заборски и додаде:

„Да потсетиме дека овој тим од настапот на Светското универзитетско првенство во Брага, Португалија минатата година има освоено сребрен медал, од Европската универзијада одржана во Загреб има бронзен медал. И, еве сега, повторно го потврдува својот висок квалитет со освојувањето на сребрениот медал во екипна конкуренција борби на Европското првенство во Португалија за 2017 година. За крај би сакал да кажеме дека сме сите многу среќни и задоволни од постигнатиот резултатски успех. Освоени се вкупно два златни и еден сребрен медал.

Не е познато од кои причини организаторот нашиот тим на официјаланата веб-страница го запишал како Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ од Велико Трново – Бугарија, исто така и натпреварувачите.

Претходно Сара Радичевска (-50 кг) стана европски студенстки шампион совладувајќи ја Португалката Леал Сара со 8-0, а вчера во полуфиналето беше подобра од Елиф Озгеј од Турција со судиско изјаснување по 0-0. На ова се надоврза и Петар Заборски (-75 кг) кој во извонредно тешка борба со Португалецот Де Пина Родриго Мацедо упеа да победи со 2-1 и да го освои златниот медал.

Петар во првото коло го совлда Перез Виктор Луке (Шпанија) со 4-0, потоа Видо Копитовиќ 1-0 и во полуфиналето Немања Бршанац од Црна Гора со по 1-0.

Да потсетиме дека Петар Заборски (Макпетрол) на Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Софија го освои единствениот медал за Макеоднија – бронзениот во конкуренција на У-2.

Наташа Стефановска (-61 кг) несреќно го загуби бронзениот медал во средбата со Морено Наијара Шпанија бидејќи борбата заврши 0-0, а на изјаснување победата и припадна на противничката. Стефановска извојува две ппобеди против Марија Пратс 6-0 и Џозефин Рел 3-1, а во третото коло загуби минимално 0-1 од Александра Силва. Во репасажот со 2-1 славеше над Медлина Стер Попа од Обединетото Кралство (Универзитет Мидлсекс).

„Задоволен сум од постигнатиот резултатски успех, направивме вистинско изненадување. Во поединечна конкуренција освоивме два златни медали и на пиедесталот успеавме да се качиме на највисоката скала два пати. Петар Заборски и Сара Радичевска беа сконцентрирани и секогаш правовремено реагираа и во делот на одбраната, но и во делот на нападите и контранападите. Тие многу го посакуваа медалот и ете желбата им се оствари. Сите сме пресреќни, бидејќи летниот период на тренирање на крај се исплатеше“, рече Бошко Заборски, истакнувајќи дека Ферри Исиќ немал среќа и тој да стигне до медал во кати, бидејќи противникот од кој изгубил 3-2 не успеал да се пласира во финалето и да го повлече во репасажот, исто така губејќи со 3-2.

Нашите каратисти настапуваат за Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје.

Во Португалија настапија 220 спортисти од 108 универзитети од 30 држави.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON