Речиси сигурно: Џошуа и Кличко ќе се борат во ноември!

Реваншот меѓу Ентони Џошуа и Владимир Кличко за светската титула на ИБФ се чини дека дефинитивно ќе биде на 11 ноември. Ова го соопшти промоторот Еди Херн.

„Веќе се разбравме со сите и практично работите се договорени. Во моментов само недостасува потписот на Кличко. Но, верувам дека тоа е само формалност. Ако сепак Владимир откаже, ќе бараме други опции“, изјави Херн.

Од друга страна, бугарскиот боксер Кубрат Пулев го чека исходот од овој меч за да се сретне со победникот од овој дуел. Бугаринот ќе се бори со Џошуа или Кличко во првата половина на 2018 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО