Србинот Секулиќ се врати во УФЦ

Српскиот борец Стефан Секулиќ се врати во најпознатата ММА светска организација.

Потсетуваме дека на крајот на 2018 година беше позитивен на допинг тестот на УСАДА (Американска агенција за допинг). Така, натпреварувачките права на борецот во полутешка категорија беа суспендирани за период од 2 години. Казната истече на 20 декември 2020 година.

„Погодете кој се врати“, напиша Секулиќ на својот Инстаграм профил, додавајќи фотографии од потпишувањето на договорот со УФЦ.

Секулиќ има вкупно 12 победи и 3 порази. 29-годишниот Србин победи на 9 меча пред последниот удар во гонгот (3 со нокаут и 6 по завршница). Во септември 2018 година, Секулиќ дебитираше со пораз во УФЦ со едногласна одлука од Рамазан Емеев и оттогаш не влезе во кафезот на ниту една организација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО