Сплендид гран при Будва 2018 пресилен за нашите кикбоксери (ФОТО)

На синоќешниот профи настан „Сплендид гран при Будва 2018“ во Црна Гора, во хотелот Сплендид, во кик бокс и бокс нашите натпреварувачи не се прославија, бидејќи сите загубија.

Ќе нагласиме само дека јуниорката Викторија Вардинова за прв пат се бореше во сениорска конкуренција и тоа со многу поискусна противничка.

Според нашиот стручен штаб, нашите борци кондиционо паднале, бидејќи работеле 3 рунди по 3 минути, а досега настапувале по 2 минути. Само Викторија имала борба од 3х2 минути. Од друга страна, се истакнува дека е добро што никој не е повреден. Имајќи го во предвид ова искуство, во иднина работатата повеќе ќе биде насочена на кондицијата, за да може да издржат рунда повеќе од 2 минути.

Противникот на Златко Стојменов, Ремзија Дациќ, ова му беше подготвителен меч за светската титула.

Во склоп на овој настан Црногорецот Дилан Прашовиќ против Кристоф Мате ја освои професионалната бокс титула на ВБО.

Гостин на настанот беше и профи боксерот Марко Хук.

Резултати
Јуниори –лоу кик
-75 кг Слаѓан Димиќ (Македонија) – Денис Џоковиќ 0-3
-75 кг Илија Камчев (Македонија) – Вукан Кујевац 1-2

Сениори – лоу кик и К-1
-56 кг Анастасија Петровиќ – Викторија Варадинова (Македонија) 0-3
-71 кг Златко Стојменов (Македонија) – Ремзија Дациќ  0-3 (ТКО, Р 2)
+ 91 кг Велјан Ѓоргиевски (Македонија) – Миодраг Вујовиќ 0-3 (ТКО, Р 2) во К-1

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО