Спаринг партнерот на Џошуа даде своја прогноза колку долго Еј Џеј ќе остане во боксот

Поранешниот двократен светски шампион, 34-годишниот Ентони Џошуа имаше дури четири меча во последната година во кои се врати на победничките патеки и сега чека нова можност да се бори за титулата.

По двата порази од Александар Усик, кога ги загуби шампионските појаси на ВБО, ВБА и ИБФ, Џошуа победи против Џермејн Френклин, Роберт Хелениус и неодамна против Френсис Нгану.

Еден од спаринг-партнерите на Џошуа, Џејми ТК, неодамна проговори за неговото искуство со тренинзите пред неговите последни натпревари.

„Беше одлично и забавно. Уживав во секој ден од неговиот тренинг камп. Имавме добри спаринг сесии, а двајцата уживавме. Бев во кампот последните две недели и имавме многу спаринг, Еј Џеј беше остар и силен. Но, беше забавно“, изјави Џејми ТК и објасни како Ентони ја вратил самодовербата и дека сега е многу посилен од порано:

„Еј Џеј никогаш не се плашел од никого. Има голема доверба во себе и верува во она што го учат Бен Дејвисон и Ли Вајли. Тоа е она што му дава самодоверба и го турка да биде подобар во она што го прави. Чувствувам дека Еј Џеј има желба уште еднаш да стане светски шампион. Мислам дека, со оглед на неговата форма и говорот на телото, неговата кариера ќе трае уште најмалку три, можеби пет години“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО