Славен тренер тврди дека следната борба на Дионтеј Вајлдер е многу опасна

Тренерот на Вајлдер Малик Скот деновиве изјави дека следната борба за Бронзениот Бомбардер е особено опасна и исходот од мечот може да влијае на неговата кариера.

Во декември поранешниот светски шампион во тешка категорија на ВБЦ стави крај на долгиот период на неактивност кога во рингот се соочи со Џозеф Паркер и убедливо загуби со едногласна одлука на судиите.

Американскиот боксер не беше ни сенка на борецот кој го паметиме од претходните мечеви, делуваше тромо и по малку незаинтересирано, па загуби на поени од поранешниот шампион на ВБО.

Тој пораз му ја уништи шансата да се бори со Ентони Џошуа, а сега итно треба да го подобри впечатокот доколку сака да ги предизвика најголемите боксери во тешка категорија.

Еден од можните противници е Кинезот Жилеј Жанг, а тренерот Скот смета дека тоа е полесна пречка за неговиот борец. Со борбата против Жанг Вајлдер може да покаже дека се уште е еден од најдобрите во светот.

„Жанг би можел да биде следниот противник на Вајлдер. Тоа е многу опасна борба за Дионтеј, но во исто време и натпревар во кој може да добие нешто“, изјави Малик Скот и продолжи:

„По последниот настап знаеме дека сите карти се против нас, но Дионтеј се уште е во игра, дисциплиниран е и се држи до планот.За мене се уште е најдобар тешкаш во светот“.

Познатиот тренер не се сомнева во квалитетот на својот борец, а истакнува дека Вајлдер едноставно имал лош ден.

Скот исто така објасни зошто борбата со Жанг, кој е познат по неговиот силен удар, може да биде од корист за Вајлдер.

„Тој е опасен противник, но во исто време големиот Жанг ве принудува да останете претпазливи и недофатливи. Тој е голем човек и може да удира, но знаеме што треба да направи Вајлдер за да го совлада“, изјави Малик Скот и додаде:

„Тоа ќе биде хируршки прецизен настап. Она што ми се допаѓа во оваа борба е што сите знаат колку е опасен Жанг и тоа ќе го направи Дионтеј уште подобар. Би бил среќен кога би го договориле тој меч, двајцата го загубија последниот натпревар против Паркер“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО