Советникот на Мани Пакијао тврди дека Пекмен ќе чека до 2050 година за меч против Конор Мек Грегор

Филипинската боксерска легенда Мани Пакијао (62-8-2, 39 КО) се уште бара противник во својата камбек борба.

Извесен период се зборуваше дека чека меч против Конор Бен, но засега ништо не е договорено.

45-годишниот Филипинец не се борел од август 2021 година кога го загуби шампионскиот појас на ВБА (супер) во полусредна категорија од Јорденис Угас.

Во декември 2022 година Пакијао учествуваше во егзибициска борба против јужнокорејскиот борец ДК Јо, а сега се подготвува меч со мај тај борецот Буакав Банчамек.

Пакијао покажа интерес за боксерски меч против поранешниот шампион во две дивизии на УФЦ, Конор Мек Грегор-

Недолго потоа во комбинациите имаше уште еден ММА борец – Тајрон Вудли, но тимот на Пакијао ја отфрли таа можност со образложение дека меѓу нив има голема физичка разлика.

„Тајрон Вудли е 81,5 килограми и е одличен борец, може да биде малку преголем за Мани“, изјави советникот на Пакијао, Шон Гибонс и додаде:

„И мислам дека никого не е го интересира борбата меѓу Мани Пакијао и Тајрон Вудли“.

Но, тој издвои еден борец кој може да биде идеален противник за филипинската боксерска ѕвезда.

„Ако има против кого да се бориме, тоа е Конор Мек Грегор. Да го направиме тоа, тој меч може да се случи оваа година. Но, ќе биде тешко бидејќи Конор има договор со УФЦ и тоа мораме да го почитуваме“, изјави Шон Гибонс и подвлече:

„Ова е проштална година на Мани Пакијао во боксот. Но, Пакијао би можел да почека до 2050 година за мечот против Конор Мек Грегор. Стануваше од каучот и бараше акција против Мек Грегор. И Мани го стигнуваат годините, но тој сè уште е на највисоко ниво“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО