Дејан Гергиевски го круниса својот талент и го освои првиот историски златен медал за Македонија на Европското сениорско првенство во таекводно во Софија, кое денеска заврши.
Ова е огромен успех за македонското таекводно, бидејќи Дејан стана шампион во олимписки спорт и ја најави кандидатурата за Олимписките игри во Токио 2020 година.
Дејан до финалето совладувајќи ги противници од Италија, Турција, Германија, Украина, а во финалето за противник имаше натпреварувач од Русија, кој е свтеска ѕвезда.
Дејан Георгиевски во првото коло го совлада италијанецот Матео Милани, во второто коло го совлада турчинот Сердар Јуксел. Во четвртфиналето Дејан Георгиевски го совлада Чем Унлусој (Германија), а во полуфиналето го победи Михајло Шелест (Украина). Следеше финале и одлична борба на Дејан против Русинот Јури Кириченко, по што Дејан се искачи на врвот на Европското Таеквондо.
Инаку Дејан Георгиевски оваа година го освои Софија Опен (4-5 Март 2017), а на Светското првенство во Сеул, Јужна Кореа го освои 33-то место. На Ранг листата на Светската таеквондо федерација (ВТФ) е на 120 место. По европска титула многу ќе напредува и на оваа листа, со што ќе биде и многу поблиску до неговиот сон – учество на Олимписките игри Токио 2020.
Ова е прв медал на сениорско првенство, европско или светско, што го освоил таеквондист од Македонија, бидејќи првиот го освои натурализираната Македонка Петра Матијашевиќ која се закити со бронзен медал.
На ЕП настапи и Филип Додевски и беше поразен по голема борба во првата борба.
Ipon.mk/В.Д.