Сомнежи за корупција на Светското првенство во бокс

Сомнежи за манипулации ја тресат Меѓународната боксерска асоцијација (АИБА). Многу сигнали за неправилно судење на Светското првенство за мажи во Белград ја преплавија централата, а постапките на управата не задоцнија. АИБА отстрани четири официјални лица од Светското првенство во Белград.

„Спроведовме истрага во две фази. Според резултатите од првата фаза, две лица не смееја да дојдат во Белград, а според резултатите од втората фаза, уште двајца беа исклучени од учество на првенството како официјални лица. Истражуваме ситуација во која може да има факти за корупција или неточни одлуки“, изјави претседателот на АИБА Умар Кремлев.

Големите соменжи од тимовите околу арбитражата на Светското првенство во Белград ја натера Меѓународната боксерска асоцијација да направи промени.

Според шефот на АИБА, централата усвоила нови судиски правила на натпреварите, кои се очекува да стапат на сила многу брзо.

Во главниот град на Србија беа поднесени десетици приговори, но само еден беше одобрен.

„Се одржа Управен одбор на кој донесовме нови правила во интерес на спортот. Ова важи и за новите правила за судење, кои ќе ги воведеме“, соопшти Кремлев.

Според новите правила, натпреварите ќе ги проверуваат независни експерти за судиски грешки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON