Хабиб навива за Усман: Скрши го Ковингтон и одбрани ја титулата (ВИДЕО)

Борецот на УФЦ во полусредна категорија Камару Усман викендов го брани појасот против Колби Ковингтон. Нивната пресметка го предводи настанот УФЦ 268 што ќе се одржи во Њујорк.

Нигериецот неодамна ја доби поддршката од поранешниот шампион во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов.

Непоразениот Дагестанец преку видео повик го поддржа Усман и му посака победа.

Нивниот разговор е снимен од камерите на УФЦ и објавен во видео во третата епизода на УФЦ 268 Ебеддед.

„Те молам, брат, скрши го Колби и одбрани ја титулата. Мојата енергија е со тебе. Сакам да го скршиш како првиот пат. Одиме Камару, ти си најдобриот „паунд фор паунд“ борец. Јас сум со тебе“, рече Хабиб Нурмагомедов.

Усман и Ковингтон се бореа пред две години, а нигерискиот борец победи со прекин во петтата рунда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО