Шакиров извојува победа, Ефтимов е во репасажот на СП во борење за У-23

Како и што се очекуваше, фаворитите и претенденти за медали ги совладаа македонските борачи на Светското првенство во борење за У-23 во Белград, Србија, а само Серхан Шакиров извојува победа против Нфатали Хоровиц од Израел 15-5. Во следното коло Шакиров загуби од Симон Мархл од Австрија со технички туш 0-10, без шанса за репасаж.

Столе Ефтимов е поразен од фаворитот за златото Азмат Закуев од Русија 0-10, затоа нашиот борач утре ќе има поправен испит во репасажот со Узбекистанецот Рустам Шадиев. Ако го помине Узбекистанецот, тогаш ќе се бори за бронзен медал.

И Увејс Весели загуби од подобриот борач од Бугарија, Георги Иванов, кој, пак, беше немоќен против Русинот Саипудин Магомедов од Русија и доживеа пораз од 8-3. Со поразот пропаднаа надежите за репасаж на Увејс.

Вчера Аид Салихаси загуби со технички туш од Мунх Батхујаг (Монголија) 0-11.

На СП во Белград ќе настапат 620 борачи од 58 држави.

Резултати – Светско првенство У-23:
57 кг Аид Салихаси – Мунх Батхујаг (Монголија) 0-11 (TT)

74 кг Серхан Шакиров – Нафтали Хоровиц (Израел) 15-5
74 кг Серхан Шакиров – Симон Мархл (Австрија) 0-10 (ТТ)

92 кг Столе Ефтимов – Азмат Закуев (Русија) 0-10 (ТТ)
Репасаж
92 кг Столе Ефтимов – Рустам Шодиев (Узбекистан)

125 кг Увејс Весели – Георги Иванов (Бугарија) 2-12 (ТТ)

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО