Усман и Ковингтон го поминаа мерењето, но останаа без резерва (ВИДЕО)

Двете борби и официјално ќе бидат за титули на УФЦ 268. Тоа стана извесно по мерењте на кое борците успешно влегоа во своите категории.

Камару Усман и Колби Ковингтон немаа проблеми, но нивната резерва Висенте Луке потфрли на вагата.

Тоа значи дека ако нешто се случи во последен момент, Луке нема да може да се приклучи и мечот ќе пропадне.

Очекувањата се за одлично шоу и спектакл на една од најсилните карти во годината.

Резултати од мерењето пред УФЦ 268:

Главна карта

Камару Усман (76,7 кг) – Колби Ковингтон (76,8 кг), за титулата во велтер категорија

Роуз Намахунас (52,1) – Жанг Вејли (52,1), за титулата во сламка категорија (Ф)

Џастин Гејџи (70,5) – Мајкл Чендлер (70,4)

Шејн Бургос (66) – Били Кварантио (66)

Френки Едгар (61,5) – Марлон Вера (61,2)

Воведни

Алекс Переира (84,3) – Андреас Михаилидис (83,9)

Ал Јакинта (70,6) – Боби Грин (70,4)

Фил Халс (84,1) – Крис Кертис (84,3)

Едмен Шабазјан (84,1) – Насурдин Имавов (83,7)

Јан Гери (76,9) – Џордан Вилијамс (77,4)

Џан Виланте (118,2) – Крис Барнет (119,7)

Дастин Џејкоби (92,3) – Џон Ален (93)

Си Џеј Вергара (57,8) – Оди Озборн (56,8)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО