Со медал на ЕП Абдурахим Идризи влегува во историјата како единствен каратист со трофеи и во кати и во борби

Абудрахим Идризи е пред голем предизвик на Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година овој викенд во Алборг – Данска, а што не му тргнало на ниту еден друг каратист од Македонија, да освои медал на европски шампионат во борби откако прво се закити со сребро на ЕП во Кипар 2016 година. И тогаш беше првиот натпреварувач што освоил медал во кати во поединечна конкуренција.

„По силните подоготовки со клубот во Маврово, максимално сум подготвен и очекувам не медал, туку, со Господ напред, златен медал од Европското. Така што се надева дека ќе напишам историја, да станам првиот каратист кој ќе освои медал во кати и борби на европски првенства“, вели Абдурахим Идризи, кој посебно е благодарен на тренерот Бошко Заборски од матичниот клуб Макпетрол за поддршката и трудот што го вложува во неговата карате надоградба.

На генералната проба пре ЕП Абдурахим го освои златниот медал на Кроација Гран при во Самобор, Хрватска, и тоа во У-21. А на настапите во 2018 година Идризи скор од 10 медали – 6 златни, 2 сребрени и 2 бронзени.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО