До сега непознато: Хабиб наместо на Данис речиси скокнал на славниот Леонардо ди Каприо!

Овие денови се појави многу интересна и непозната информација поврзана со инцидентот на УФЦ 229 во Т-Мобиле арена во Лас Вегас.

Епилогот на целата на оваа многу грда приказна е драконска парична казна за Нурмагомедов кој заработи половина милион долари парична казна и девет месеци суспензија. Мек Грегор, од друга страна, помина многу поблаго со само 50.000 американски долари казна и шест месеци без настап.

Но Хабиб можеше да плати и многу поголема парична сума случајно да скокнеше на славниот холивудски актер Леонардо ди Каприо. Всушност, токму Ди Каприо беше само неколку столици оддалечен од местото каде што Нурмагомедов планирал „да скокне“ на Дилон Данис. И кога настана хаос и туркање Орелот наместо на Данис речиси со двете нозе скокна на славниот актер.

„Тој самиот ми го кажа тоа“, открива УФЦ првакот во неодамнешниот настап на Меч ТВ.

„„Седев пет метри од тоа место и речиси да скокна на мене“- тоа ми го рече“, додаде Дагестанецот прераскажувајќи го неговиот разговор со Леонардо ди Каприо, чест гостин на настаните на УФЦ и голем фан на ММА.

За среќа, тоа не се случи. Ди Каприо останаа недопрен, а сега може да се пофали барем со интересно и возбудливо искуства од Лас Вегас. Гледањето на борците на УФЦ „од прва рака“ во овој случај го има токму тоа значење!

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО