„Со бокс се занимавам од својата шеста година, жртвував се во животот. Овој историски меч е можност да докажам дека сум најдобар“.

Во присуство на Артур Бетербиев, кој седеше на само десетина метри од него на главната конференција во Лондон, Дмитри Бивол како и обично го задржа карактеристичниот тон на почит кон предизвикот што го очекува. На 12 октомври во Ријад, двајцата ќе се соочат во битка за апсолутна доминација во полутешка категорија, натпревар кој носи историско значење.

Иако Бетербиев не се ни обидуваше да го скрие своето зевање за време на неговите долги воведни говори, на лицето на Бивол беше видлива концентрацијата, а во неговиот англиски говор имаше навестување на нервоза. На крајот на краиштата, ниту еден од нив не е натеран да држи говори зад микрофонот, нивната вистинска сила лежи во рингот.

Прашањето кое му беше поставено на Бивол беше едноставно: Што му е поважно, појасите или можноста да се соочи со Артур?

„Прво, сакав борба за апсолутна титула, а второ, сакав да се борам против најдобрите боксери во полутешка категорија“, одговори Бивол. „Тоа се моите цели, да го изградам моето име. Тој ги има тие појаси“.

Бетербиев (39) поседува три титули, додека Бивол ја поседува четвртата. Заедно имаат неверојатни 43 професионални борби без ниту еден пораз или реми.

„Се надевам дека обичните боксерски фанови ширум светот ќе ја разберат важноста на оваа борба“, изјави промоторот на Бивол, Еди Херн. „Оваа борба ќе влезе во историјата; тоа е најдобрата борба што може да се организира во боксот во моментов. Тешко е да не се согласите со тоа“.

Ова е борбата која, всушност, Бивол отсекогаш ја посакувал.

„Ова е мојата цел откако се префрлив на професионалниот бокс – да бидам најдобар во полутешка категорија и ова е последната борба во која сакам да го докажам тоа“, изјави 33-годишниот Бивол. „Што значи ова за мене? Со бокс се занимавам од својата шеста година. Се жртвував толку многу во мојот живот. Ова е последниот чекор. Дали направив се како што треба или не? Сакам да докажам дека направи сè како што треба“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО