Слободна Далмација за Катерина Николоска: Познатата Македонка ја „посвои“ клубот од Пујанки; Ма целата е наша, само уште да ја омажиме овде!

Кога станува збор за џудото, слободно би можеле да ја наречеме македонската царица Катерина. Таа е единствената од Македонија која се натпреваруваше во таа дисциплина на Олимписките игри во историјата на таа земја, а ние ќе ви ја претставиме затоа што, за среќа на нас, овој бисер е меѓу спортистите уште пред шест години на некој начин ја „посвои“ сплитскиот Џудо клуб Пујанки.

Катерина Николоска делумно се подготвуваше за Олимписките игри во Рио де Жанеиро еден дел се подготвуваше во сплитскиот клуб, кој, како што знаеме, го држат таткото и синовите Прерадовиќ, и денес работи за нив како тренер. Нејзиното име е Ката, дома е Кате, тренерот ја викаше Кетрин, а на Фејсбук е позната како Катушка.

-Ма сè е наше, само уште да ја омажиме овде – вели Слободан Прерадовиќ, инаку татко на сплитскиот клуб и љубител во џудото.

Во моментов, нашата 30-годишна Македонка живее во облакодерот до зградата на Слободна Далмација, но како потстанарka ги запозна Мертојак и Мејаши. Инаку, таа го обиколи светот и како спортист и како активист. Таа вели дека најмногу сака да се бања на Кашјуни или Каштелет, а ужива и да пие кафе на Рива или да седи на Матејушка и да гледа во морето.

Дипломирала на Кинезиолошкиот факултет во Скопје. Оваа национална шампионка долги години и носител на црн појас втор дан, првите џудо чекори ги направила на душеците во родниот Прилеп, што е на час и половина возење од главниот град на Република Македонија. Спортот го избрала, ни зборува, пордаи дијагностицираната сколио во првите одделенија од основното училиште, кога заради тоа од прва се запишува на корективна гимнастика. Нејзиниот тренер, сепак, и сугерирал џудо.

„Силна си, а во џудо ќе имаш грб прав како пушка“, ми рече тој. И така започна.

Целиот текст може да го прочитате на овој ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО