Непоразен Србин ќе дебитира во УФЦ

Урош Медиќ ќе се спротивстави во октагонот со Алан Круз на УФЦ 259, што ќе се одржи на 6 март 2021 година. Судирот ќе биде во лесна категорија.

Медиќ има импресивна статистика. Тој ги доби сите 6 професионални натпревари во ММА. Секоја победа беше постигната пред последниот удар на гонгот (4 со нокаут и 2 со завршница). 27-годишниот борец е роден во Србија, но во моментов се натпреварува под американското знаме, затоа што живее и тренира во Енкориџ, Алјаска. Импресивно, „Докторот“ заврши 5 меча во првата рунда и шестата пресметка во втората.

Неговата професионална кариера започна во Алјаска фајтинг шампионатот – АФЦ во 2016 година, каде ги доби сите пет средби. На почетокот на август, Медиќ доби шанса во серијата Предизвици на Дана Вајт и не разочара, забележувајќи победа над Мики Гонзалес со технички нокаут во првата рунда, по што доби договор со УФЦ.

Противник на Медиќ во неговото деби за најпознатиот ММА синџир во светот ќе биде Алан Круз. Бразилецот, натпреварувајќи се под американско знаме, има биланс од 8 победи и 3 порази во ММА. Победи на 4 натпревари пред последниот удар во гонгот (2 со нокаут и 2 со завршница). Круз беше во серија од 4 последователни победи пред да дебитира за УФЦ. Кон крајот на февруари, Круз загуби од Спајк Карлајл со ТКО во првата рунда на УФЦ Фајт најт 169 и ќе ја бара првта победа во УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО