Следниот меч на Кубрат Пулев е на 23 март

Следниот меч на Кубрат Пулев е на 23 март во Лос Анџелес.

„Ако треба да бидам искрен со вас, нема со што да ви се пофалам во личен план. Имам во предвид дете или нешто со мојата девојка. Она што сепак го  прецизиравме со мојот тим е дека следниот бокс меч на кој ќе настапам е на 23 март во Лос Анџелес“, изјави Пулев за „bwtalkingsport“.

Запрашан дали има порака која сака да ја пренесе до сите противници, кои го избегнуваат, Бугаринот додаде: „Се разбира. Како пример може да го наведам Дилиен Вајт, кој одби да се бори со мене. Тој се држеше така како тоа да е најголемата работа, потоа избега. Интересно е дека и Џарел Милер делува така, одбивајќи да се бори со мене“.

„За моите обожаватели, сè што можам да кажам е дека многу наскоро ќе се борам за светската титула и ќе ја  освојам! Ве ценам и ви благодарам многу за големата поддршка со која секогаш ме мотивирате“, изјави Пулев.

Името на неговиот ривал сè уште не е познато. Последниот меч на Кубрат Пулев беше на крајот на октомври во Арената Армеец во Софија. Тогаш го победи Хју Фјури и стана официјален предизвикувач за титулата на ИБФ која во моментов е во сопственост на Ентони Џошуа.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО