Херн: Џошуа е блиску до договор за меч со Вајт

Ентони Џошуа (22-0, 21 КО) е близу до договор со Дилиен Вајт (25-1, 18 КО).

Иако во конкуренција за противник е и Џарел Милер, промоторот на Џошуа, Еди Херн, изјави дека поблиску е втората борба со Јамајканецот.

„Блиску сме. Вајт и Џошуа се блиску до договор“, изјави тој за Боксинг војс.

„Има шанса ако ЕЏ-Вајт не се одржи на 13 април за да го направи мај или јуни. Џарел Милер е опција за јуни. Работата е во тоа дали ова е вистинско време за деби на ЕЏ во Америка“.

Во првата борба во декември 2015 година Џошуа го нокутира Вајтеа во 7-та рунда, но пред тоа и тој беше сериозно разнишан.

Во следната борба по победата против Вајт, Џошуа ја освои титулата на ИБФ во тешка категорија нокаутирајќи го Чарлс Мартин.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО