Славољуб Пипер: Бојкотот на Балканското првенство во Словенија од страна на МКФ е поддршка на минорната карате опозиција која сака власт на ниво на Европа!

До редакцијата на Ipon.mk се јави членот на Извршниот одбор на Европската карате федерација и генерален секретар на Карате федерацијата на Балканот, Славољуб Пипер, откако ја прочитал информацијата дека македонската карате реперезентација нема да учествува на Балканското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година (У-21) во Брежице, Словенија, од 6 до 8 декември оваа година, туку ќе настапи на Балканско превснтво во Скопје наредниот викенд во Скопје, 13-15 декември.

Во писмото упатено до нашата редакција Пипер вели дека Карате федерацијата на Балканот редовно одржувала конгреси во последните шест години и поднесувала детални извештаи за работата на Карате федерацијата на Балканот, а составен дел од извештајот за работата бил и деталниот финансиски извештај. Покрај останатите делегати, учесниците на сите шест (6) конгреси учествуваа и делегати на тогашната Македонија а сега Северна Македонија. На сите конгреси се поднесувани детални извештаи и сите тие извештаи за работата беа едногласно усвојувни од делегатите.

„Во последните шест години се одржаа шеснаесет (16) Извршни одбори и на сите Извршни одбори поднесени се детални извештаи за секое Балканско првенство посебно. На сите Извршни одбори присуствуваше претставник на Северна Македонија, при што и тогаш сите одлуки потоа беа донесени едногласно на сите шеснаесет (16) одржани Извршните комитети на Карате федерацијата на Балканот.

Во Белград на 15.11.2019 г. според важечкиот Статут на Карате федерацијата на Балканот, беше закажан и одржан изборен Конгрес. Сите национални федерации, членки на Карате федерацијата на Балканот, беа уредно поканети, а со тоа и Каратескиот федерацијата на Македонија, која не се одѕва. На тој Конгрес беше избран нов претседател на Карате федерација на Балканот, господинот Давор Ципек, технички секретар на Извршниот одбор на Европското карате Федерација.

Избран е и нов Извршен комитет без претставници на Карате федерацијата на Македонија, Карате федерцаијата на Македонија официјално никој не номинираше за Извршниот одбор на Карате федерацијата на Балканот“, истакнува во писмото Пипер.

Според Пипер, бојкотот на Шампионатот во Словенија има други цели кои може да бидат на штета на Карате федерацијата на Македонија.   

„Бојкотот на Балканското првенство, што ќе се одржи во Словенија од 06 до 08 декември 2019 година од страна на Каратето федерцаијата на Македонија е поддршка на минорната карате опозиција која сака власт на ниво на Европа. Со непромислените потези се обидуваат да го разбијат нераскинливото единство и единствениот систем на натпревари на Европската и Светската карате федерација, на кои припаѓа и Балканската карате федерација“, тврди генералниот секретар на Балканската карате федерација и додава:

„Како поранешен единаесетгодишен (11) карате репрезентативец на Југославија, за среќа, имам огромен број пријатели во Северна Македонија кои се неспоредливо поголеми од лицата кои водат некоректна кампања…“.

Пипер на сите спортисти на Карате федерацијата на Македонија и посакува одлични спортски резултати во иднина.

Како член на Извршниот одбор на Европската карате федерација и генерален секретар на Карате федерацијата на Балканот вели дека секогаш ќе ги застапува регионалните интереси на карате спортот на европска и светска сцена.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON