Тони Фергусон: Ќе го натерам Хабиб крв да плука

Тони Фергусон е самоуверен пред борбата за титулата во лесна категорија. Тој има нова шанса да се бори со Хабиб Нурмагомедов и двајцата ќе раководат со УФЦ 249, што се одржува во Њујорк во април следната година. Ова ќе биде 5-ти обид на УФЦ да ги сптотивстави двајцата најдобри во категоријата, кои веќе четири пати имаа неуспешни обиди. Во последните неколку години, навивачите едвај чекаат да ја следат оваа средба, но повредите во псоледен момент ги менуваа плановите.

Но, сега сите се надеваме дека овој пат нема да има изненадувања. И двајцата се во серија од 12 последователни победи во октагонот и ова е најочекуваната средба во историјата на лесна категорија. Не е јасно што ќе се случи со неа, но Тони е уверен дека ќе му ја одземе расипе статистика на Дагестанецот.

„Овие момци се гангстери и секаков вид на работи. Хабиб ќе мора да ми одговори во кафезот. Тој не е вистински противник затоа што веќе го претепав. Отидов во битка на УФЦ 209 и му го видов на лицето. Јас сум во главата на таа пи.ка.

Ќе тренира напорно и ќе биде многу нервозен, што ќе доведе до грешки. Ќе го искористам ова. Ma ќе го натерам да плука крв. Ќе го фатам за време на една од нашите закачки. Сега е сезоната на лов. Ова момче има проблем и неговото име е Тони Фергусон.

Што се однесува до битката меѓу Мек Грегор и Цероне, за неа мислам дека еден удар од Цероне и Конор ќе падне како распукана карпа. Како и секогаш, ќе сакам да видам двоен нокаут“, рече Фергусон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО