Славниот судија Кортез: Морав да ги раздвојувам Мек Грегор и Малигнаги, спарингот беше вон контрола

Британскиот Сан пишува дека познатиот бокс судија Џо Кортез морал да ги раздвојува Конор Мек Грегор и поранешен светски шампион во бокс Полие Малигнаги откако работата на спарингот малку повеќе се „загреа“, а довецот „се закрввави“.

Кортез беше ангажиран од страна на тимот на Мек Грегор за да го научи шампионот на боксерски правила бокс и трикови. Со обѕир на тоа дека Мек Грегор никогаш не бил во боксерскиот ринг, а посебно не во професионален, неговите тренери процениле дека ништо не треба да се остави на случајност. Па го платиле познатиот судија Кортез.

„Навистина се случи тоа, морав да влетам меѓу нив и да им речам „момци, малку сте надвор од контрола, мора да го запрете ова“. Знаете, станаа малку подиви во текот на спарингот“, рече Кортез и додаде:

„Цврсто се спарингуваше, се одеше до коска и морав да ја прекинам акцијата, како да се работи за вистински меч. Премногу се држеа и се обидуваат со сите средства да се ударат едан со друг. Па се јавив на време и им реков дека мора веднаш да престанат со такви работи. Сакав чиста, но силна борба и од нив побарав да се однесуваат како спортисти“.

Потсетуваме дека Мек Грегор го ангажира поранешниот светски шампион токму заради „валканото зборување” кое Малиганаги го одработи на сметка на УФЦ шампионот кога овој првично доби боксерска лиценца. Малигнаги јавно го исмејуваше, но подоцна призна дека самиот сакал да се мушне во супер мечот против Мек Грегор.

Зборувајќи за Скај спорт, Малигнаги ги потврди неговите зборови од пред неколку дена и повтори дека „денес го почитува Ирец и неговиот бокс многу повеќе отколку порано“.

„Кога ќе ја видам неговата работна етика и колку се вложува во тој тренинг камп, едноставно морам да го почитувам Конор Мек Грегор. Го гледам како секој ден навистина напорно вежба и исклучително е фокусирани да ги шокира сите и да слави во тој меч“, рече Малигнаги за угледниот медиум и додаде:

„Кога зборувате со Конор, веднаш ќе помислите дека овој тип не верува во неговата победа и дека неговата цел е само за да заработи 100 милиони долари. Но, кога ќе навлезе подлабоко со него во разговорот, ќе почнете да се сфаќате дека овој човек навистина верува длабоко во своето срце и за тоа има целосно покритие, за да победи. И секој пат кога некој се сомневаше во неговите можности, тој изненади и спротивно на сите изгледи ќе победеше“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО