Сребро за Имери бронза за Салихаси на пеливанскиот турнир во Бурса (ФОТО)

Борачите на Тефејуз освоија два медала на Меѓународниот пеливански турнир во Бурса-Турција. Јетмир Имери освои сребрен медал, а младиот и талентиран борач Аид Салихаси бронзен.

Да потсетиме дека Салихаси на Европското првенство за кадети минатата недела го освои петото место.

Инаку на овој силен турнир настапија 300 борачи од Балканот.

Тренерот Назми Али вели дека ова е голем успех и очекува уште подобри резултати.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО