Славниот Мики Рурк тренира бразилско џиу џицу во Беверли Хилс

Бразилското џиу џицу добива се поголема популарност во целиот свет. Пред некое време е направена листа со 22 познати личности кои го практикуваат овој убав и ефикасен боречки спорт. Листата со суперѕвезди постојано се зголемува и очигледно овој тренд ќе се задржи и во иднина.

Светски познатиот актер Мики Рурк последните две години ги поминува во академијата на Скот Епсијн – Ајнштајн – црн појас под едно од најпознатите лица во џиу џицу Еди Браво.

63-годищният Рурк стигна до син појас и е пресреќен со овој спорт. Еве што изјави тој:

„Да, почнав да тренирам бразилско џиу џицу и ММА во Беверли Хилс и се покажа како едно од најдобрите решенија кои некогаш сум го донел. Не само што учам како да се бранам, но и добивам страотен тренинг, топење на мастите и изградба на мускулна маса. Многу поубаво е отколку да одам на фитнес. Вниманието кон деталите на Скот е неверојатно. Навистина се труди неговите ученици да го разберат она што го прави. Сите се супер пријателски настроени еден спрема друг. Тоа е навистина мојот втор дом. Немојте да се изненадите ако ме видите во филмовите сам да си ги правам акробациите“.

Во 1991 година ја напушти актерска професија, за да прави боксерска кариера. Неговата кариера траеше три години, а успеа да направи 27 победи и 3 порази. Во 2014 година Рурк направи камбек на бокс сцената. Тогаш се бореше во Москва против 29-годишниот Елиот Симор. 60-годишниот спортист победи со нокаут во втората рунда, но целиот меч изгледаше, најблаго кажано, сомнително. По завршувањето на дуелот противникот за медиумите рече дека му било платено за да го загуби мечот.

https://youtu.be/QyfGGxFXRCk

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО