Славески и Калач дебитираат за Вардар во Регионалната бокс лига

Вардар и Железничар го направија мерењето и одржаа прес-конференција за мечот од третото коло на Регионалната бокс лига.

Во Сараево за прв пат во нашата екипа ќе настапи македонскиот професионалец Горјан-Гого Славески кој својата кариера ја градеше претежно во САД. По подолго време во аголот на боксесркиот ринг ќе го видиме и тренерот Руждија Калач во тандсем со Васко Цубалевски.

На прес-конференцијата беше истакнато значењето на РБЛ и што тоа значи за развојот на боксот во регионални рамки, но и за Македонија. Најавено е достоинствено претставување.

Вардар, односно, боксерската репрезентација на Македонија, во првите две кола претрпеа два порази од Лозница во Скопје 6-14 и во Подгорица (Црна Гора) 18-2.

Мечот е закажан за 17 часот во салата „Скендерија“ со пренос Арена 4.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО