Дали е тоа кокаин на масата?

Ирскиот ММА борец Конор Мек Грегор објави фотографија на социјалните мрежи која привлече големо внимание од неговите обожаватели, прикажувајќи луксузен часовник во преден план, додека посебно внимание привлече мистериозниот прав што се наоѓа на масата.

Иако Мек Грегор првенствено сакаше да се пофали со новиот Rolex Yacht -Master II часовник кој чини околу 42.500 евра, неговите фанови забележаа сосема поинаков детаљ – бел прав на масата!

„Дали е тоа кокаин?“, напиша еден од обожавателите, проследено со коментари како:

„Дали е тоа прашок за пециво на масата?“ или „Масата изгледа прилично напрашена…“.

Мек Грегор постојано го поврзуваат со употреба на дрога, а поранешниот УФЦ шампион исто така беше обвинет за силување жена во хотел во Даблин во декември 2018 година, додека бил под дејство на наркотици.

Две години подоцна, Мек Грегор беше уапсен на Корзика кога беше обвинет за злоупотреба на неколку жени по забава на која наводно консумирал кокаин.

Иако Мек Грегор многу често е цел на разни обвинувања, тој категорично ги негира сите објави и обвинувања за сексуален криминал.

Ако Мекгрегор навистина земал дрога, УФЦ ќе го казни со забрана за настап две години.

Неговото враќање во октагонот треба да се случи во напролет во 2022 година по страшната повреда во јули. Ирецот тогаш ја скрши левата нога во првата рунда од трилогиската борба со Поарје на УФЦ 264 и му беше кажано дека не може да се врати во октагонот до 2022 година, доколку не добие медицинско одобрување пред 7 јануари следната година.

Мек Грегор направи операција на ногата и неодамна почна пак да оди, па е на добар пат да се опорави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО