Скот: Вајлдер ќе се престави 10 пати подобро на средба со Усик

Малик Скот верува дека Дионтеј Вајлдер може да настапи многу подобро против Александар Усик отколку против Тајсон Фјури. Минатиот викенд во Лас Вегас, видовме како Фјури го нокаутира Вајлдер вторпат по ред во борба за титулата на ВБЦ во тешка категорија.

Нивната средба беше спектакуларна и понуди четири нокдауни. „Бронзениот бомбардер“ даде се од себе, но Фјури беше класа над него. Скот, кој е тренер на Вајлдер, вели дека неговиот борец сега ќе направи заслужена пауза.

„Ако Ентони Џошуа може да ги направи потребните промени, тогаш битката со Александар Усик ќе биде порамноправна. Но, јас сепак би му дал предност на Усик. Верувам дека Дионтеј има подобар стил од Џошуа за битката против Усик. Тој би одрботил 10 пати подобро.

Ја гледав нивната битка и видов дека Усик има модринки, што покажува дека бил погоден. Сакам Вајлдер добро да се одмори. Работеше напорно и беше возбуден и напнат. Мислам дека Фјури во моменов е насочен кон Усик.

Ова е добро. Во исто време, јас верувам во стилот на Дионтеј. На пример, тој би одработил многу подобро со Усик, десет пати подобро. Дуелот на Фјури со Усик е добар знак. Не се плашам да признаам“, рече Скот за маката.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО