Нгану: Не губам, победувам или учам

Френсис Нгану се врати назад во времето пред речиси 4 години. На крајот на 2017 година „Предаторот“ беше на врвот на светот откако успеа брутално да го нокутира легендарниот Алистер Оврем. Тој беше во серија од 10 последователни победи и на крајот на јануари 2018 година Дана Вајт одлучи да му даде шанса за титулата во тешка категорија.

УФЦ собра многу пари за да го промовира Нгану пред борбата за титулата со Стипе Миочиќ. Нгану леташе во облаци по нокаутот над Оверем и не го сфати сериозно Миочиќ. На нивната средба Стипе му одржа лекција и го победи со судиска одлука. Нгану беше во депресија и забележа втор последователен пораз по трагичниот настап против Дерик Луис.

Сепак, Френсис ги презеде работите во свои раце и врза серија од 4 брутални победи со нокаут. На крајот на март оваа година, УФЦ му даде уште една шанса за титулата и тој ја освои по тешкиот нокаут над Миочиќ во нивната втора борба. Нгану верува дека не можел да победи на вториот меч без оваа лекција од првата борба.

„Пред скоро 4 години, не успеав да ја освојам титулата во битката со одличниот Стипе Миочиќ. Таа ноќ сфатив дека не сум изгубил. Знаев дека научив повеќе за една ноќ отколку што научив во последните 4 години во спортот.

Без овој пораз, не сум сигурен дека можев да победам во реваншот, бидејќи ќе ги направев истите грешки што ги направив три години порано.

Нелсон Мандела вели: „Не губам, победувам или учам““, напиша Нгану на социјалните мрежи на оваа тема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО