АктуелноДомашна сценаЏудо

Скопје домаќин на Европскиот џудо куп за сениори од 20 до 21 септември

Македонија, поточно градот Скопје, а во организација на ЏФМ, ќе биде домаќин на Европскиот куп за сениори, на 20 и на 21 септември годинава.

Ова е четврти голем меѓународен настан што ЏФМ го организира годинава по претходно успешните Европското првенство за кадети, ЕМОФ и Европскиот куп за јуниори. Секој од овие настани беше чекор напред кон позиционирање на Македонија како респектирана дестинација на џудо-мапата на Европа. А Европскиот куп за сениори, секако, ќе донесе квалитетни џудисти од цела Европа, борби со врвна техника, а Скопје повторно ќе пулсира во знакот на џудото.

Фото: ЕЏУ

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON