Скап подарок од Кадиров за Чимаев (ВИДЕО)

Лидерот на Чеченската Република Рамзан Кадиров организираше прием по повод доаѓањето на ѕвездата во подем на УФЦ Хамзат Чимаев. Борецот има шведски пасош, но е со чеченски корени. Лидерот на Чеченија истакна дека прекрасно си поминал во друштво на Чимаев и борците на клубот Ахмат.

„Имавме многу топол и интересен разговор. Во чест на неговото пристигнување настапија чеченските поп sвезди, тимот на КВН и танцовите групи од републиката. Хамзат е исклучително скромен и пристоен човек. А јас лично бев убеден во тоа. Многу ја сака својата родна република и народот. Ги почитува обичаите и традициите на нашите предци“, рече Кадиров.

На крајот на гала вечерта, Рамзан Кадиров лично му ги предаде на Хамзат Чимаев клучевите од автомобилот „мерцедес ГЛЕ450“, посакувајќи му успех на борецот во УФЦ.

https://www.youtube.com/watch?v=SYG-0Vca5gQ&feature=emb_logo

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО