Скандалозно: Најдобриот спортист на сите времиња на Штип Зоран Шоров не го поканиле на спортист на годината!

Изборот на најдобрите спортисти на Штип за 2017 година не може без контроверзи, па така вечерва на свеченото доделување на признанијата на најдобрите не беше поканет трикратниот олимпиец, освојувач на два медала на сениорските Европкси првенства, Балкански првенства и најдобар спортист на сите времиња на Штип, ЗОРАН ШОРОВ. Коменатрот дури и не потребен, само ќе нагласиме зарем таквите спортисти можат да се заборават и да не се повикат на една ваква свеченост.

„Можеби не знаат кој сум оти кога ги постигнував резултатите тие не биле родени“, кратко прокоментира за Ипон.мк Зоран Шоров, а негов коментар имаше и на ФБ страницата Штипски асови.

Со своја реакција се јави и Алексдандар Тасев, таткото на Филип Тасев, кој постигна одлични резултати на Државното и Балканското првенство, а не е меѓу 13 најдбри пионери.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON